Ибрахимовиќ станува Галактико?!
Една од работите која го прави Реал најголем клуб во светот е тоа што секое лето во својот тим доведува најмалку по една мега ѕвезда. Изминатите неколку години тоа беа : Роналдо, Кака, Бензема, Крос итн.
Денес во шпанските медиуми силно одекна веста дека Флорентино Перез тргнува по Златан Ибрахимовиќ. Имено, популарниот Ибра одби да потпише продолжување на договорот со ПСЖ, а пред само неколку дена Флорентино Перез се сретнал со челниците на францускиот шампион за да разговараат за можноста да се доведе Ибрахимовиќ во Реал Мадрид. Швеѓанецот веќе настапуваше во шпанската „Примера“ и не крие дека би сакал да и се одмазди на Барса за третманот кој го доби во времето кога настапуваше за нив, каде не го криеше незадоволството од односите со управата и со тренерот на клубот.
Кога се работи за индивидуалните напаѓачки и голгетерски квалитети на Ибрахимовиќ, нашата редакција нема сомневање дека се на врвно ниво, но она што ние се прашуваме е : Дали Роналдо и Ибрахимовиќ би можеле да функционираат во еден тим?