HomeАНТИСТРЕСЖуркиИјан Гилан одржа спектакуларен концерт во Скопје

Ијан Гилан одржа спектакуларен концерт во Скопје

06112016114426_web_02

Фронтменот на легендарната група „Дип Парпл“, Ијан Гилан вчеравечер одржа концерт во Вип-арената во Скопје придружуван од бендот на Дон Ери и Македонската филхармонија.

Концертот, во роганизација на Авалон продукција, без сомнежи беше едно освежување на спомени на неколку генерации што речиси ја пополнија салата до последно место. За загревањето на публиката беше задолжен бендот на неговата ќерка Грејс „Папа ле Гал“, кои во текот на нивниот четирисетминутен настап најавија дека ова е прво нивно настапување пред толкав голем број на публика.

Рокерскиот џентлмен Гилан покрај неколкуте негови соло песни ги изведе големите хитови на „Парпл“ како „Strange Kind of Woman“, „Lazy“, „When the Blind Man Cries“, „Smoke on the Water“, како и „Hush“ i „Black night“ на бис.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com