Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИако нема многу снег возете внимателно

Иако нема многу снег возете внимателно

Снегот кој во изминатите часови кратко провеја низ градовите во Македонија не би требало да донесе поголеми потешкотии за возачите бидејќи нема големи остатоци по патишата и коловозите кои се претежно чисти, но сепак се препорачува внимателно возење и почитување на сообраќајната сигнализација.

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози, на повисоките места наместа со остатоци од кашест снег по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат. Врнежи од снег со послаб интензитет во утринските часови се бележат во Крива Паланка,Страцин, Маврово, Штип, Сарамзалино, Павлешенци, Делчево и Кула, стои во извештајот на АМСМ.