Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаИ утре не очекува сончево време, со можност за дожд во југозападните делови

И утре не очекува сончево време, со можност за дожд во југозападните делови

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југозападните делови на земјава ќе има зголемена облачност и услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец.

Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 15 до 22 степена.

Во Скопје претпладне сончево со умерена облачност, а попладне ќе има зголемување на облачноста. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до шест, а дневната ќе се искачи до 22 степена.