Saturday, Apr 20, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИ тоа е случува, Евертон понудил повеќе од Челси!

И тоа е случува, Евертон понудил повеќе од Челси!

Јасно е која е намерата на „Карамелите“, но и висината на овој трансфер покажува дека критериумите се тотално променети. Евертон повеќе нема илузии. Џон Стоунс му соопштил на клувот дека сака да замине. Наводно Манчестер Сити ќе плати 60 милиони евра за англискиот репрезентативец, па „Карамелите“ веќе бараат замена.

Куман го посакува Кулибали од Наполи, кој е голема желба и на Челси, но останаа запрепастени од цената. Де Лаурентус за Сенегалецот кој е роден во Франција бара повеќе од 50 милиони евра. Се зборува дека неговата понуда е само обид да ги одбие заинтересираните купци. Челси не сака да плати повеќе од 40, евентуално 45 со бонуси, но Евертон сака.

Медиумите во Англија тврдат дека тие ќе понудат околу 50 милиони евра за дефанзивецот на Наполи кој стигна пред две сезони од Генк. Со тоа Кулибали кој одигра само 60 натпревари во Серија А би станал еден од најплатените дефанзивци во историјата.