Friday, Apr 19, 2024
HomeUncategorizedИ петтиот напаѓач на пратеникот Села доби притвор

И петтиот напаѓач на пратеникот Села доби притвор

Судија на претходна постапка му определи 30 дена притвор на петто осомничениот Александар Јаневски викан Тошта, за обид за убиство врз пратеникот Зијадин Села, настан кој се случи на 27 април во зградата на Собранието на Македонија.

Сега осомничениот пред два дена беше откриен и приведен од МВР, но набргу беше хоспитализиран на Клиниката за кардиологија бидејќи се пожалил на болки во градите.

Откако лекарите констатирале дека тој е во добра здравствена состојба им е предаден на истражните власти, па судијата му одредил 30 дена притвор во истражниот затвор „Скопје“.

Заедно со него во полициската акција беа уапсени уште четири лица. Станува збор за Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павлески – Кобра.

Како што дознаваме бројот на напаѓачите на пратеникот Села за скоро време може да се зголеми.