Tuesday, Apr 23, 2024
HomeФЕР ПЛЕЈРакометИ ова лето во Струга ќе има врвен ракомет

И ова лето во Струга ќе има врвен ракомет

Традиционалниот меѓународен ракометен турнир во Струга и годинава успеа да привлече одлични учесници. На 43-то издание на овогодинешниот ракометен турнир традиционално ќе учествува возобновената екипа на Металург која годинава ќе биде и единствениот македонски претставник. На жалост оваа година нашиот шампион Вардар нема да учествува на турнирот.
металург

За да успее да дојде до првиот трофеј годинава, нашиот Металург ќе мора да биде подобар од португалска Бенфика во чиј состав ќе биде македонскиот репрезентативен голман Никола Митревски, турскиот Бешикташ, францускиот Сесон, Динамо Букурешт од Романија и репрезентацијата на Саудиска Арабија. Екипи кои ветуваат одличен ракомет и врвен спортски настан.

Како по обичај, Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2015“ ќе се одржи од 12 до 15 август на отвореното игралиште на „Женска плажа“.