HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИ Наполи го посакува отпишаниот „Ѓавол“!

И Наполи го посакува отпишаниот „Ѓавол“!

185085_640-1

Маурисио Сари е подготвен да влезе во битка со Интер и Јуве околу доведувањето на италијанскиот репрезентативец Матео Дармијан од редовите на Манчестер Јунајтед. Интер неодамна изрази желба за негов потпис, не е тајна дека се споменуваше и Јувентус, кој секако би бил примамливаопција за 26-годишниот дефанзивец. Мурињо неодамна му даде шанса во првиот тим, но се чини дека е така бидејќи остана без други опции, но сепак од тогаш почнаа приказните дека Италијанецот сепак може да остане на „Олд Трафорд“.

Сепак, најреално е дека со тоа сакат да му ја зголемат цената на Италијанецот, за кој е јасно дека владее голем интерес. Мурињо за десната бековска позиција го посакува Фабињо, бидејќи смета и на Валенсија, тешко дека ќе има место за Дармијан. Сега и Наполи е подготвен да му понуди договор, нема сомнение дека таму би добил шанса во првиот тим, што дефинитивно би била најдобра работа за неговата репрезентативна кариера.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com