HomeФЕР ПЛЕЈФудбалИ Меси и Роналдо ја освојуваат „Златната топка“?!

И Меси и Роналдо ја освојуваат „Златната топка“?!

mesi-ronaldo503580020161103105054

Веројатно знаете дека „Франс фудбал“ и „ФИФА“ ќе се разделат, партнерството кое траеше од крајот на минатата деценија се завршува. Угледниот француски лист ќе се врати во својот оригинален формат, ќе гласаат само новинари дописници, како што и беше пред да се спојат со светската фудбалска куќа. ФИФА ќе ги дава своите награди за најдобар играч на светот, а Каталонските медиуми пренесуваат дека таа одлука ќе биде поделена.

Имено, според нивните информации ФИФА ќе го прогласи Роналдо за најдобар во 2016 година, додека францускиот лист ќе го избере Меси. Тоа би било огромно изненадување и покрај не баш импресивната есен на Роналдо. Сепак, Португалецот ја освои титулата во Лигата на шампионите и титулата на Европското првенство, што е и повеќе од доволно за освојување на оваа престижна награда.

Но, наводно новинарите на францускиот магазин ќе ја земат во предвид цела година, односно индивидуалните остварувања и тука би можел да биде подобар Меси. Овие избори се навистина понекогаш чудни, Меси победуваше и во годините кога не освојуваше ништо, но сега би било навистина неверојатно доколку видиме таков расплет.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com