Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСЕкимИ марихуаната не може се да излечи

И марихуаната не може се да излечи

Од позиции на целосна забрана и осуда на сите корисници, па се до апостоли кои ја благословуваат, каде е вистината за марихуаната и нејзиното лековито дејство. За да нема забуни извршено е обемно научно истражување на Универзитетот Бристол за ефектите на канабисот за кој во последните неколку години се раширија безброј теории дека лекува буквално ама баш се.

Medical-marijuana-sign

Во истражувањето е утврдено дека медицинската марихуана може да биде корисна за болните од рак кои претрпуваат силни болки во телото, потоа лекува лица кои имаат хронични заболувања на нервите, пациенти со мултиплекс склероза и ги олеснуваат грчевите во мускулите.

Доктор Пени Вајтинг како дел од истражувачкиот тим изјави дека пациентите кои имаат заблуди дека марихуаната навистина ќе им помогне во нивната медицинска состојба мора да се консултираат со лекар за соодветна терапија, за да не дојде до потешки последици.

За сите останати состојби како очен притисок и глаукома, несоница, анксиозност, Туретов синдром и други не се пронајдени никакви докази дека марихуаната има добротворно дејство. Интересно е што истражувањето покажало и дека марихуаната не помага во психози и депресивни состојби, но тоа не значи дека во добро друштво нема да ви помогне да се релаксирате.