Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАРепублика„И јас сум човек“ – одбележан Светскиот ден на бегалците

„И јас сум човек“ – одбележан Светскиот ден на бегалците

Црвениот крст на Македонија денеска го одбележа Светскиот ден на бегалците. Под мотото „И јас сум човек“ во Велес и Гевгелија, волонтерите на Црвениот крст делеа флаери на граѓаните и читаа пораки за човековите права и хуманоста.

Како што изјави за МИА Александра Николова-Ивановски од Црвениот крст на Македонија не случајно Велес и Гевгелија се одбрани за оваа манифестација бидејќи овие два града се сметаат за два главни пункта на бегалците пред се’ од Сирија кои поради војната ја напуштаат својата земја и се упатуваат кон ЕУ, минувајќи по пат и низ Македонија.
crven-krst4
„Целта на оваа манифестација е да ја разбудиме свеста кај граѓаните дека и бегалците се луѓе како нас и на секој од нас може да му се случи ваква несреќа како на овие луѓе од Сирија и други земји зафатени со војна. Денеска имаме се’ а утре може да немаме ништо.Затоа треба да им помогнеме нивниот пат низ Македонија да им биде полесен до онаму каде што се тргнати. Луѓето не треба да се плашат од нив туку да им помогнат, да им упатат по некој убав збор на поддршка, а ако тоа не сакаат, тогаш барем да не ги повредуваат и ограбуваат овие луѓе“, потенцира Николова Ивановски.

Според статистиката, во Македонија од Сирија и други земји од Блискиот исток зафатени со војна, дневно транзитираат и по 300 бегалци, меѓу кои и жени со мали деца, изнемоштени и гладни на кои им е неопходна прва медицинска помош, храна и вода.