Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаИ Јанкулоска се огласи со ставот на ВМРО ДПМНЕ – Револтот бил предизвикан

И Јанкулоска се огласи со ставот на ВМРО ДПМНЕ – Револтот бил предизвикан

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, која сега не извршува никаква државна функција преку „Фејсбук“ вели дека според неа во Собранието се случил нелегитимен избор на претседател од страна на, како што вели, поддржувачите на тиранската платформа.

„За жал ваквата провокација од СДС и партиите на Албанците од Македонија предизвика огромен револт и ескалација на гнев кај граѓаните. Таквата атмосфера неколкумина насилници ја искористија да направат хаос и да нападнат и повредат пратеници во Македонското Собрание. Најжестоко го осудувам нивното насилство исто како што го осудувам и политичкото насилство на СДС и партите на Албанците од Македонија кои тврдат дека избрале Претседател на Македонското Собрание на неделовнички и противуставен начин“, пишува Јанкулоска.

Таа им посакува брзо закрепнување на повредените, а го дели ставот на Трајко Вељаноски и повикува на разум кај сите, за Македонија да излезе од криза.

„Јас не знам кои се насилниците кои повредија луѓе во Собранието, ако тие знаат должни се да ги кажат јавно по име и презиме и да побараат нивна одговорност, онака како што јас јавно ја барам одговорноста за сите насилници, без разлика дали насилството е физичко или политичко. Секој е одговорен за своите постапки и институциите мора да реагираат без разлика за кого станува збор“, додава Гродана Јанкуловска

Поранешната министерка за внатрешни работи била испровоцирана од новнарски текст, па затоа се решила јавно да го објави нејзиниот став околу случувањата во Собранието.