Tuesday, Oct 17, 2017
HomeДЕНЕШНАПолитикаИ Јанкулоска денеска на распит во СЈО

И Јанкулоска денеска на распит во СЈО

gordana-777x437

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, денеска од 13 часот е на распит во Специјалното јавно обвинителство.

Јанкулоска е осомничена во случајот „Тврдина“ што СЈО го отвори за уништувањето на опремата од незаконското прислушување, како и во случајот „Титаник“ за изборни манипулации.

Денеска на распит во СЈО беше и Тони Јакимовски, шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и второосомничен меѓу петте во случајот „Тврдина“.