HomeДЕНЕШНАРегионИ Ердоган на листата „Непријатели на слободата на печатот“

И Ердоган на листата „Непријатели на слободата на печатот“

neprijateli-na-slobodata-na-pecatot

Репортери без граници на вчерашниот Светски ден против неказнивост за злосторства извршени врз новинарите ја објави новата листа на шефови на држави или влади, екстремистички или злосторнички организации, како и тајни служби, кои се означени како непријатели на слободата на печатот. Првпат на оваа листа се најде и името на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган – пишува Дојче Веле.

Вонредната состојба во земјата му овозможи контрола врз голем дел од релевантните информативни медиуми во земјата. Освен тоа, во Турција во затвор се најмалку 130 новинари, а затворени се најмалку 140 медиуми, соопшти организацијата Репортери без граници.

Првиот човек на организацијата Кристијан Мир за ДВ изјави дека бранот репресии во Турција во меѓувреме добил навистина застрашувачки димензии. Земјата се наоѓа „на пат кон диктатура“. Мир апелира до германската влада да заземе јасен став. „Од наш агол на гледање, не е доволно она што го прави портпаролот Штефен Зајберт, кој вели дека состојбата во Турција се следи ‘со загриженост’. Времињата на загриженост се одамна поминати“, нагласи Мир во интервју за ДВ.

Нови на листата се и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, шефот на тајландската хунта Прајут Чан-о-ча и претседателот на Бурунди, Пјер Нкурунзиза. Покрај нив, Репортери без граници меѓу непријателите на слободата на печатот првпат ги вброи и кралот на Саудиска Арабија, Салман, и претседателот на Венецуела, Николас Мадуро. На листата се и Хути-бунтовниците во Јемен и терористичката милиција „Исламска држава“.

„Многуте нови имиња меѓу непријателите на слободата на печатот покажуваат дека автократите и екстремистите од сите бои сѐ уште се чувствуваат сигурно дека нема да бидат казнети за своето потиснување на слободните медиуми“, нагласува портпаролот на раководството на Репортери без граници, Михаел Редиске.

„Следење, измачување, убиства“
На листата се наоѓаат и многу долгогодишни непријатели на слободата на печатот, како претседателот на Еритреја, Исаиас Афеверки, суданскиот претседател Омар ал-Башир, кинескиот претседател Ши Џинпинг и севернокорејскиот диктатор Ким Јонг Ун. Сосотојбата на независните новинари е и натаму катастрофална и во Куба, Сингапур, Русија и Сирија. „Некои властодршци со години не добиваат казни за следењето, измачувањето и убивањето критички настроени новинари“, констатира Редиске. Неговиот итен апел гласи: ОН да назначат специјален пратеник за заштита на новинарите.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com