Tuesday, Apr 16, 2024
HomeUncategorizedИ Анима Мунди најавува протест !

И Анима Мунди најавува протест !

Како што обвинуваат од здружението за заштита на животните, Анима Мунди,  изживувањето со животните во стационарот Вардариште не престанува и, и понатаму се убиваат кучиња со едностран заклучок дека се агресивни. Тие додаваат дека сакаат да ја преземат грижата за кучињата и правно да одговараат за нив, но од стационарот не им било дозволено. Затоа од здружението најавуваат протест и кривични тужби доколку во текот на наредните денови не им бидат предадени животните кои се наоѓаат во карантин во стационарот, а пред се доколку не запре убивањето на кучиња.