Thursday, Mar 28, 2024
HomeАНТИСТРЕСХуманостХуманитарни пакети во Дебар по повод Рамазан

Хуманитарни пакети во Дебар по повод Рамазан

Во рамките на хуманитарниот карван по повод месецот на постот Рамазан, хуманитарната организација „Хилал“, која делува при Исламската верска заедница во Македонија, престојуваше и во Дебар. Претседателот на оваа организација ефенди Мустафа Даути во придружба на дебарскиот муфтија ефенди Рамазан Хаса во Дебар додели 250 пакети со прехранбени артикли.

– За жителите кои се во најлоша економска социјална положба во Дебар доделивме 250 пакети со храна. Горди сме што во овој свет месец Рамазан чиниме добри дела и се обидуваме да ја ублажиме состојбата на семејствата кои имаат потреба од помош, рече тој.

Оваа хуманитарна помош е обезбедена со активности на претседателот на ИВЗ реис ул улема ефенди Сулајман Реџепи во соработка со компании како и со посредство на хуманитарната организација „Дијанет“ од Турција.
Во текот на месецот на постот во тринаесетте муфтиства во Македонија ќе се доделат вкупно 10 илјади пакети во кои има 6 тони храна. Секој пакет тежи по 22 килограми.