HomeГИГА БАЈТСмартфонHuawei го сруши дуополот на Samsung и Apple

Huawei го сруши дуополот на Samsung и Apple

Huawei е на добар пат за да ја дестабилизира позицијата на Samsung и Apple како трет најголем мобилен бренд во светот со фантастичен раст во последните три години.

huawei-p9-iphone-6s-galaxy-s7-comparison

„Сакаме да бидеме најголем производител на смартфони во светот. Тоа ќе биде долга трка, но ние сме трпеливи. Постојат само три големи компании на пазарот на смартфони – Apple, Samsung и Huawei. Пазарот се консолидира… а другите компании ќе исчезнат во наредните 5 години“, официјално објави Ричард Ју, одговорниот за потрошувачката електроника во Huawei.

Очигледно компанијата е доволно амбициозна и сериозна во своите намери, затоа што во првите 6 месеци од 2016 година имаше пораст на доставени смартфони од 25%, односно над 60 милиони доставени примероци. Растот на потрошувачката електроника изнесува 41%.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com