HomeГИГА БАЈТСмартфонHuawei не чекаше долго и веднаш го нападна iPhone 7

Huawei не чекаше долго и веднаш го нападна iPhone 7

Huawei преку директорот Јанмин Ван го упати првиот удар врз Apple и нивната одлука да применат двојна камера кај новиот премиум смартфон iPhone 7 Plus. Тој објави на Facebook „провокација“ дека Huawei P9 со двојната Leica камера со два сензора од 16 мегапиксели е првиот уникатен смартфон, а сите останати само ги следат неговите чекори.

huawei-vs-apple

Секако, ваквите провокации не треба да се сфатат пресериозно бидејќи иновациите во мобилната индустрија не може да ги присвои ниту еден бренд.

Apple прикажа и повеќе новитети во 12 мегапикселната дуо камера на iPhone 7 Plus со телефото леќа за неверојатен зум, прецизен и брз фокус, подобрена оптичка стабилизација на сликата и уште многу други ефекти, па ќе видиме кој ќе се покаже подобро.

Извор: telefoni.mk

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com