Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАЕкономијаHTC во најголемата криза ќе удри по вработените

HTC во најголемата криза ќе удри по вработените

Некогаш атрактивниот и посакуван бренд HTC денес се соочува со огромни финансиски проблеми и можен банкрот, па затоа компанијата ќе удри по работната сила отпуштајќи речиси 3000 вработени. Извршната директорка Шер Ванг изјави дека овој потег е неопходен за да се намалат трошоците и компанијата да се фокусира на раст во иднина и враќање на пазарот со поквалитетни телефони и нови производи.

„ Иднината е во диверзитет и гледање повеќе од смартфоните, новата организација ќе биде флексибилна и динамична и ќе ги искористи можностите на поврзаниот простор“ изјави Шер Ванг.

Еден од следните потези ќе биде нов пласман на HTC One M9 со поевтин Mediatek процесор, а за октомври се планира „спасителот“ HTC Aero.