HTC One M9 е најдобар во тестовите на слепо
HTC конечно ја подобри маркетинг стратегијата и сними неколку одлични реклами кои го воскреснаа интересот за HTC One M9 за кој се сметаше дека битката е веќе изгубена. По ангажманот на згодната Кели Брук, сега HTC сними ефективни видеа во кои корисниците треба да одберат од три маскирани телефони со iPhone 6, Samsung Galaxy S6 и HTC One M9.
Во сите тестови нормално корисниците го одбираат маскираниот HTC One M9 кој е подбар од iPhone 6 и Samsung Galaxy S6 во тестовите за брзина на апликациите, има подобри селфи слики и звук.
Извор: telefoni.mk