Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватскиот сабор го доби својот нов претседател

Хрватскиот сабор го доби својот нов претседател

Жељко Реинер од Хрватската демократска заедница e избран за претседател на денешната конститутивна седница одржана од осмиот состав на Хрватскиот сабор. Според гласовите од пратениците, 88 гласале за, еден против, а дури 62 се изјасниле како воздржани.

Денешното заседание беше продолжение на прекинатата седница од 3-ти декември која ескалираше со повлекување на кандидатурата на Роберт Подолњак од партијата Мост од причина што беше јасно дека нема да добие доволно гласови за да биде избран на функцијата, во услови без договор помеѓу поголемите партии.