HomeДЕНЕШНАРегионХрватскиот премиер самоуверен: „Нема да дојде до војна на Балканот“

Хрватскиот премиер самоуверен: „Нема да дојде до војна на Балканот“

Премиерот на Хрватска, Зоран Милановиќ, денеска даде изјава во која го изнесе својот став за можни вооружени судири во случај Германија да ги затвори границите за бегалците. За острите критики упатени од германската канцеларка Меркел за опасноста од појава на ваков немил настан на Балканот, Милановиќ прокоментира:


„Меркел е многу претпазлива во своите изјави бидејќи секогаш има „две три линии на заштита“. Не верувам дека Германија ќе ги затвори границите. Хрватска може тоа многу побрзо да го направи. Нема да има никакви вооружени судири“, изјави премиерот.


За време на партискиот говор во градот Дармштат, Меркел ги бранела своите позиции за бегалците но и новата мерка за изградба на транзитни зони на границата во кои апликациите за азил ќе бидат процесирани пред бегалците да влезат во Германија.

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com