Saturday, Apr 20, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРФилмХрватскиот актер Горан Богдан во новата сезона на “Фарго”

Хрватскиот актер Горан Богдан во новата сезона на “Фарго”

Популарната криминалистичка америчка серија “Фарго” наскоро ќе започне со емитување на третата сезона, а во неа една од улогите ќе му припадне на Хрватот Горан Богдан. Така хрватскиот актер ќе се најде рамо до рамо со Иан Мекгрегор и Дејвид Тевлиса, изјави Н1.

Серијата со емитување започна во 2014 година, а првата сезона освои Еми награда за најдобар актер, најдобра режија, најдобро сценариото, како и бројни други награди како и Златен глобус. Втората сезона, со нова екипа, донесе поголема слава. Третата сезона ќе почне со емитување на 19 април.