Wednesday, Apr 24, 2024
HomeДЕНЕШНАСветХрватски државјанин киднапиран во Египет

Хрватски државјанин киднапиран во Египет

Непознати напаѓачи киднапираа во Египет хрватски државјанин кој во таа држава работел за француска компанија, објави денеска хрватското МНР. Тоа е прво киднапирање хрватски државјанин во странска земја.

Хрватскиот државјанин имал 31 година и бил киднапиран на 22 јули на подрачје на Каиро додека возел со автомобил кон компанијата каде работел. Неговиот автомобил го запрела вооружена група која го однела во непознат правец. Хрватски медиуми јавуваат дека властите во Загреб досега не добиле барање за откупнина.