Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска затвора премини, Унгарија поставува нова ограда за мигранти

Хрватска затвора премини, Унгарија поставува нова ограда за мигранти

Хрватска беше принудена да затвори дел од граничните премини со Србија за да може полесно да го менаџира напливот на илјадници мигранти дневно кои ќе транзитираат, но и да одговори на блокадата со која се соочува од Словенија која ги одби мигрантите.

Од друга страна пак параноичната Унгарија продолжува со политиката на затвореност и најави поставување на заштитна ограда и на границата со Хрватска од каде мигрантите ќе бараат алтернативни патишта кон Европа.

Инаку вчера во Хрватска поминале околу 10 илјади мигранти, чија следна дестинација ќе биде Словенија кон која се упатуваат на сите можни начини, а најчесто со такси возила, бидејќи возовите беа вратени, пренесуваат хрватските медиуми.