Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска: Србија да се однесува европски, инаку ќе ја блокираме

Хрватска: Србија да се однесува европски, инаку ќе ја блокираме

Хрватскиот министер за надворешни работи, Миро Ковач рече дека Белград треба да се откаже од реториката на Слободан Милошевиќ и да се однесува европски, бидејќи во спротивно Хрватска ќе го блокира затворањето на поглавјата 23 и 24 во преговорите за пристапување на Србија кон ЕУ.

Првиот дипломат на Хрватска реагира на изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Загреб рехабилитирал криминалци од Втората светска војна.

Дачиќ го изјави во емисијата “Точка на неделата”.

Ковач истакна дека Загреб испратил јасна порака на Белград да престане со реториката во стилот на 90-тите години и агресијата на Милошевиќ.

-„Нема да дозволиме никому, особено на наследници на агресор, да употребуваат таква реторика“, рече Ковач.

-„Почнете да работите за европеизација на општеството. Фатете се за работа“, повика хрватскиот министер за надворешни работи.