Tuesday, Oct 17, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска со медицински новитет – Ќе се легализира индискиот коноп

Хрватска со медицински новитет – Ќе се легализира индискиот коноп

Правилникот на Министерството за здравство од утре во Хрватска стапува во сила со кое ќе биде дозволена употребата на индиски коноп за заболените од мултиплекс склероза, карцином, епилепсија и СИДА. Со ова, заболените од споменатите болести од утре со лекарски рецепт ќе можат легално да ги набават лековите што содржат тетрахидроканабионол (ТХЦ), донабимол и набилон.

Рецепти за овие леоови ќе можат да препишуваат лекарите по општа пракса, педријатрите на деца на предучилишна возраст и гинеколозите. Вкупното количество на тетрахидроканабионолит во нив не смее да биде поголемо од 0,75 грама а ќе можат да се издават за лекување до најмногу 30 дена.