Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска сака да излезе од арбитражата – Словенија се обидува да "смири страсти"

Хрватска сака да излезе од арбитражата – Словенија се обидува да "смири страсти"

Хрватскиот премиер Зоран Миловановиќ изјави дека неговата земја излегува од договорот за арбитража со Словенија за границата во Пиранскиот залив.

– Хрватска не може да остане во договорот за арбитража. Постапката е контаминирана. Хрватска излегува од договорот според прецизни правила на меѓународното право. Тоа е процедура која ја спроведува Владата и министерството за надворешни работи. Од Собранието бараме согласност за да излеземе од овој договор, изјави Миловановиќ.

Скандалот околу договорт за арбитража меѓу Хрватска и Словенија за границата во Пиранскиот залив изби откако хрватските медиуми објавија транскрипт и аудио запис кои покажуваат како словенечкиот член на арбитражниот суд Јернеј Соколец и Симона Дреник, словенечки дипломат, договараат изнесување аргументи и лобирање кај другите судии во Постојаниот суд за арбитража во Хаг за постапката околу границата меѓу Словенија и Хрватска.

Од друга страна пак, Словенечкиот премиер Миро Церар рече дека Хрватска не може во согласност со меѓународните правила да излезе од арбитража за границата со Словенија. Истакна дека тоа е заклучок и на арбитражниот суд кој на Словенија и наложил именување нов национален судија во арбитражата, откако претходниот судија отстапил. Исто така истакна дека сега е потребно да „се смират страстите“.