Tuesday, Apr 16, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска: Паднала низ отвор од болничка зграда, мислела дека влегува во тоалет

Хрватска: Паднала низ отвор од болничка зграда, мислела дека влегува во тоалет

Пациентка која престојувала во Општата болница во Дубровник паднала од третиот спрат низ отвор во болничката зграда откако ја утнала вратата од тоалетот кон кој тргнала.

Тамошните медиуми известуваат дека жената отворила врата која требала да биде заклучена, па наместо во тоалет влегла, односно паднала во широк простор во кој се наоѓала инсталацијата на зградата. Друг пациент кој бил на одделот за кардиологија ја пријавил несреќата.

За интервенција на пациентката ургирале пожарникарски работници која поминала со полесни повреди.