Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска оштетена, бара ревизија на границата со Словенија

Хрватска оштетена, бара ревизија на границата со Словенија

ХДЗ и Напред Хрватска се првите политички партии во Хрватска кои ќе бараат ревизија на договорот за маркација на границата со Словенија сметајќи дека е направен врз нивна штета и мора да се промени. Хрватска пред да стане член на ЕУ мораше да се согласи на повеќе тешки услови, вклучувајќи ги и територијалните морски води кои беа оспорувани од Словенија.

Ivo-Josipovic

Хрватските политичари се сомневаат дека Арбитрарниот суд, кој и додели две третини од Пиранскиот залив биле доделени на Словенија, бил под лобистичко влијание и затоа овој процес треба да се напушти и ревидира.

Иво Јосиповиќ, поранешниот претседател на Хрватска смета дека по добивањето на транскриптите со докази за пристрасно носење на одлуката правдата мора да биде задоволена, а до неа може да се стигне и со постапка во Меѓународниот суд на правдата, кој да бидеме реални не и помогна ништо посебно на Македонија.

Опоцизијата од ХДЗ и НХ бараат од собранието и владата да свикаат итна седница и да се изврши притисок за промена на договорот кој е дискриминаториски.