Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска ќе преземе екстра вреден имот на поранешна Југославија

Хрватска ќе преземе екстра вреден имот на поранешна Југославија

Хрватска во најновиот круг на враќање на дипломатските и конзуларни претставништва на поранешна Југославија ќе преземе недвижен имот вреден десетици милиони долари. лоциран во африканските земји Тунис, Кенија, Мадагаскар и во Алжир.

– За преземањето ќе се договориме билатерално. Договорот ќе биде постигнат пред примопредавањето, што ќе се реализира најдоцна до 1. октомври. Во постојан контакт сме со претставниците на БиХ, се наведува во соопштението на хрватскто Министерство за надворешни работи.

Некои од претставништвата ќе бидат продадени поради тоа што се преголеми за поделба. Најмалку 10 милиони доалри ќе добие Хрватска од продажбата на зградата на амбасадата и резиденцијата во Њујорк, а потоа и објектите во Токио, Бон и Берн. Вредноста на тие објекти се проценува на 42,7 милиони долари од кои на Хрватска и припаѓаат 23,5 отсто.