Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска: Карамарко поднесе оставка, Орешковиќ и Петров да го сторат истото

Хрватска: Карамарко поднесе оставка, Орешковиќ и Петров да го сторат истото

Лидерот на Хрватска демократска заедница (ХДЗ) Томислав Карамарко денеска поднесе оставка од функцијата прв потпретседател на Владата, јави Хина.

Карамарко ги повика и лидерот на Мост, Божо Петров и премиерот Тихомир Орешковиќ да го следат неговиот пример и да поднесат оставки.

– Поднесов оставка и за тоа ја известувам јавноста. Заминувам од Владата и очекувам тоа да го направат и другите, посочи Карамарко.

Тој најави и дека ХДЗ утре ќе ја реконструира Владата и оти верува дека Хрватска конечно ќе добие власт која ќе биде свесна за тешката ситуација во која се наоѓа државата.