Friday, Sep 22, 2017
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска го доби првиот бран на мигранти

Хрватска го доби првиот бран на мигранти

Откако Унгарија ја затвори границата со Србија и реши повеќе да не пропушта никого, мигрантите се обидуваат преку алтернативна рута да стигнат до Германија, па затоа се пренасочија кон Хрватска која за прв пат се соочува со посериозен наплив на бегалци. Властите соопштија дека во изминатиот ден преминале 5400 мигранти. Надлежните министри велат дека Хрватска засега нема поголеми проблеми, но ќе биде вистински предизвик доколку пристигнат илјадници мигранти како во Македонија и Србија.