Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска ги предупредува туристите: Внимавајте со банкнотите

Хрватска ги предупредува туристите: Внимавајте со банкнотите

Хрватската народна банка повика на будност затоа што во првото полугодие се откриени 635 фалисификувани банкноти од сите валути.

Повеќе од половина биле фалсификувани куни, а околу третина биле евра.

Фалсификуваните куни биле застапени со 55.6%, евра со 32.5, американски долар со 11,3%.

Имало и фалсификувани британски фунти и тоа 0,5%, а канадскиот долар е застапен со 0,1%.

Од јануари до јуни годинава во оптег се најдени 353 фалсификувани куни, што во однос на лани е зголемување за 64,2%.

Најчесто фалсификувана е банкнотата во апоени од 200 куни.

Токму од овие причини им се препорачува на граѓаните и туристите да бидат внимателни.