Thursday, Mar 28, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХрватска доби влада но, со лабава коалиција на десницата

Хрватска доби влада но, со лабава коалиција на десницата

Хрватска конечно по изборите ја доби новата Влада која ќе може ефикасно да го започне својот мандат, а е предводена од „иселеникот“ Тихомир Тим Орешковиќ. Дел од јавноста е загрижен бидејќи на сцена се враќа ултра десницата која е поопасна дури и од конзервативните национални партии бидејќи воспоставува нов вид на односи во хрватското општество. hrvatska vlada 1Томислав Карамарко од ХДЗ и Божо Петров од Мост ќе бидат назначени како вицепремиери во чии раце ќе стои главната политичка моќ гледајќи на Орешковиќ како натпартиско решение, бизнисмен дојден од Канада без големо искуство на политичката сцена во Хрватска.

Сепак, дел од министрите кои се предложени имаат сомнително минато, некои се дојдени директно од тајните служби, а други пак од црковните влијанија, со што надежите дека ќе има независни и професионални кандидати за министри паѓаат во вода. orešković-crkvaМеѓу двете партии има лабава коалициска врска и никој не е сигурен колку оваа Влада ќе биде стабилна и серизно ќе може да се бави со проблемите на Хрватска, а не со конзервативни идеи, популизам и политиканство.