Thursday, Mar 28, 2024
HomeРЕФЛЕКТОРМузикаХрватска, БиХ, Бугарија и Украина се враќаат на Евровизија – Португалија си заминува

Хрватска, БиХ, Бугарија и Украина се враќаат на Евровизија – Португалија си заминува

По една година пауза, на евровизиската сцена повторно се враќа Украина, како и Босна и Херцеговина, која последен пат учествуваше во 2012 година, а Хрватска и Бугарија се враќаат за првпат од 2013 година. Единствената земја што се повлекува годинава е Португалија, која учествуваше 48 пати и не победи ниту еднаш.

Годинава уште еднаш ќе видиме и седум изведувачи што претходно настапувале на евровизиската сцена, меѓу кои и нашата Калиопи, која веќе не претставуваше во 1996 и 2012 година. Дин исто така повторно ќе настапи за Босна и Херцеговина, уште еднаш ќе ја видиме и бугарската претставничка Поли Генова. По вторпат ќе учествува и црногорскиот пејач Бојан Јововиќ, Ира Лоско од Малта, Дони Монтел од Литванија и Грета Саломе од Исланд.

До Евросонгот останаа месец дена, а сите забрзано се подготвуваат за настанот, и пејачите, и домаќинот. Заради непарниот број на учесници, во првата полуфинална вечер ќе настапат 18 земји, а во втората 19, меѓу кои и Македонија.

Обложувалниците велат дека фаворит за победа е Русија, втора е Шведска, а трета Франција, но резултатот секако ќе го почекаме до 14 мај. Првата полуфинална вечер ќе се одржи на 10 мај, втората полуфинална вечер на 12 мај, а финалето на 14 мај. Дали Македонија конечно ќе успее да се ибори за подобар пласман и настап во финалето? Останува само да навиваме.