Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСХраната зачинете ја со МУЗИКА!

Храната зачинете ја со МУЗИКА!

Рецептите не можат да се замислат без сол и бибер, но знаевте ли дека храната најдобро се зачинува со музика?

Истражувањата на водечкиот стручњак во областа на експериментална психологија,професор Чарлс Спенс од Универзитетот во Оксфорд покажале дека музичкиот амбиент многу влијае на начинот на кој ја чувствуваме и доживуваме храната.

Со помош на системот SonyMulti-Room Audio системот, секој може да го провери својот експеримент дома. Со таа технологија ќе пронајдете вистинска музичка подлога. Професор Спенс ја испитувал претпоставката според која додавањето на “сочни зачини” соодветно со земјата од која потекнуваат намирниците и се покажало дека француските специјалитети на испитаниците им биле повкусни со традиционална хармоника. Додека пак ремек-делата на Пучини го подобрувале вкусот на пастата.

,,Ние всушност јадеме со сите сетила, а мозокот ја подготвува устата за сензацијата на вкусот. На гастрономското доживување влијае и опкрожувањето вклучувајќи ја и музиката која може да ги “исчисти” непцата и да делува на аромата на храната. Мали промени во амбиентот можат значително да го трансформираат искуството при оброк”-објаснил Спенс

Неговото истражување носи интересни резултати

Пример клавирот одговара со кајсија и малина додека класичната музика виното и другите пијалаци ги прави со полуксузен вкус..

Храната е повкусна со омилените песни, а нивниот ритам влијае на тоа колку време вкусот ќе ни остане во устата