Friday, Apr 19, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаХрабра продавачка на козметика избркала разбојник со чаша вода

Храбра продавачка на козметика избркала разбојник со чаша вода

Продавачка храбо спречила грабеж во продавница за козметика во центарот на Скопје. Обидот да се украде неодредена сума на пари се случил вчера околу 11 часот кога непознат маж со пиштол влегол во канцеларијата на “Орифлејм козметик” на улицата “Мито Хаџивасилев-Јасмин, на булеварот „Теодосиј Гологанов“.

Случката започнала со барање на пари на вработената која стоела зад касата, но за несреќа на разбојникот, во истиот момент од тоалетот излегла колешката, другата вработена во компанијата, која го испрскала со вода. Арамијата се збунил и побегнал од канцеларијата, а вработените во истиот момент го пријавиле случајот во полиција, која е во потрага по крадецот.