Wednesday, Apr 24, 2024
HomeГИГА БАЈТПЦHP уште поинтимен – Веќе никој не може да ви го гледа екранот

HP уште поинтимен – Веќе никој не може да ви го гледа екранот

Компанијата Hewlett-Packard HP разви нов систем за своите лаптоп компјутери кои оневозможуваат на други луѓе од страна да гледаат што има на екранот. HP разви нов екран кој го намалува аголот на гледање со притисок на тастер, што значително отежнува од страна да се гледа што работи корисникот, пренесе порталот Verge.

Таа опција работи така што спречува светлината да оди на страна, па екранот може да се види само со директно гледање во распон од 70 степени.

Ваква заштита на приватноста и претходно била можна со посебен „филтер за приватност” кој се лепи на екраните, но маната на тој метод е што е трајна и што всушност дава потемна слика. Решението на HP има предност што може да се вклучува и исклучува со притисок на тастатурата.

Функцијата Sure View е развиена во соработка со компанијата 3М која продавала филтери за екрани. Почнувајќи од септември Sure View екрани ќе бидат достапни на два лаптопи на HP „EliteBook 1040” и „EliteBook 840” кои имаат резолуција 1080 пиксели.