Friday, Apr 19, 2024
HomeИздвојувамеХотел Македонија 2016

Хотел Македонија 2016

Претпоследниот ден од годинава ни донесе почист воздух во најзагадените градови за да може на раат да ги прославиме празниците без секојдневните канцерогени честички на кои се навикнавме. Годинава која изминува беше навистина бурна за нас и нашата држава, политичките и безбедносни трубуленции кои ја одбележаа 2015та година беа главната вест на сите медиуми во изминатите 365 дена.
Goodbye-2015-and-hello-2016-photoМакедонија, односно просечниот македонски граѓанин помина низ навистина тежок период во изминатава година. Сè потешко се живее додека сиромаштијата полека но сигурно ги гази обичните граѓани кои работат и живеат од платата која ја добиваат на почетокот од секој месец, некогаш порано – некогаш подоцна.
nova-godina1Годината која следува ќе биде уште потешка за нас и нашта држава, нè очекуваат избори. Избори кои ќе треба да ја решат политичката криза која ја означи 2015та година како една од најтешките за нашите граѓани. Но, не само изборите кои ќе треба да ги пребродиме како граѓани, ни претстојат и предвидувања за потежок живот, за поголема сиромаштија, за понизок животен стандард. Сè повеќе од нас живеат со по 150 денари на ден, притоа издигнувајќи семејство со себе. Од друга страна на големо се пропагира зголемување на семејството со трето дете, небаре Тие, токму Тие што го пропагираат ова не гледаат дека и онака тешко се живее, па на целата сиромаштија уште трето страдалниче недостига во просечното македонско семејство.
mkd-98473Утре ќе се чека „најлудата ноќ“, како што нашиот народ сака да го нарече дочекот на Новата година, а деновиве граѓаните се зафатени од потрошувачка треска, троши кој колку има. Празничната трпеза за некого ќе биде побогата, додека за мнозината од граѓаните ќе биде поскромна и од лани.
potrosuvackaКафулињата и рестораните и годинава организираат дочек на Новата година, понудите нешто поефтини од минатата година. Угостителите годинава најмногу ги чуствуваат ефектите на кризата. Во исто време, поголемите градови организираат дочек на отворено на градските плоштади ширум Републикава, настани на кои традиционално ќе присуствуваат сите оние кои немаат или не можеле да бидат дел од некој „кафански дочек“.
Nova2016 Ohrid UkrasenКоја и варијанта да ја изберете едно е јасно, дочекот ќе дојде и помине, но се надеваме дека ќе поминат и сите „невремиња“ кои нè погодија во годинава која го пакува својот багаж за да направи место во „Хотел Македонија“.

Од лично име и во име на редакцијата на порталот „Позитив“ ви посакувам стабилна 2016та година, многу здравје и бериќет. Повеќе победи, а помалку битки, повеќе пари и помалку трошоци. Нека Новата година на сите ни донесе повеќе убави вести, а помалку трагични настани.
centar za statija 2Останете и понатаму во добро здравје и расположение, ние од нашиот „Хотел Македонија“ и понатаму ќе се трудиме да ви донесуваме интересни содржини. Ваше е само да нè следите и понатаму, а јас и Вие повторно ќе се дружиме во новата 2016та!

Среќни Празници!


Автор: Никола Станков

Не е дозволено преземање на оваа содржина без согласност од редакцијата на Позитив.мк, освен со линк до конкретната страница