Friday, Apr 26, 2024
HomeДЕНЕШНАСкопјеХоспитализирани 11 ученици од училиштето "Арсение Јовков“

Хоспитализирани 11 ученици од училиштето "Арсение Јовков“

11 ученици од училиштето “Арсение Јовков“ со печење во грлото и очите се пренесени на токсикологија. На нив им е земена крв за лабораториски и токсиколошки анализи кои во наредните денови ќе покажат што ги предизвикало симптомите на печење во грлото и очите.

Сите деца се во стабилна состојба, некои од нив во текот на ноќта ќе бидат пуштени дома, а три од учениците кои реагирале подраматично ќе бидат задржани на понатамошна опсервација, потврдија за НОВА на Клиниката за токсикологија. Според лекарите на некои од нив им е даден кислород, а други примаат соодветна терапија.

Според првичните информации, од изјавите кои ги дале децата, се дознава дека кога влегувале во училниците почувствувале силен мирис како на парфем што предизвикало мачнина и печење на очите и грлото. По ова почнале да трчаат и да бегаат надвор. Информацијата за НОВА ја потврдија од МВР. Од таму потенцираа дека нивни екипи се наоѓаат на терен, местото се обезбедува и се врши увид за утврдување на причините за настаната ситуација.