Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаХорор во Велес: Татко ја силуваше малолетната ќерка

Хорор во Велес: Татко ја силуваше малолетната ќерка

Велес во шок, татко ја силувал својата малолетна ќерка. Како што пишува Вест, овој грозоморен настан ги потресе велешани. Се работи за монструм од Велес кој веќе е во притвор.

“Предметот е во Основното јавно обвинителство Велес и по него се постапува. Против едно лице се води постапка за кривично дело обљуба со злоупотреба на положбата. По поднесен предлог на надлежен обвинител , Судот изрече мерка притвор во времетраење од 30 дена. Истражната постапка е во тек”, информираат од Обвинителството за Вест.

Според информациите на весникот, настанот се случил на почетокот од месецов, во едно велешко село каде што таткото, кој имал 40-ина години, ја обљубил 14- годишната ќерка, ученичка во основно училиште. Таа следниот ден настанот го раскажала на мајка си, која пријавила во полиција.