Saturday, Apr 20, 2024
HomeДЕНЕШНАЦрна хроникаХорор во Пробиштип: Избодени двајца браќа во крвава пресметка

Хорор во Пробиштип: Избодени двајца браќа во крвава пресметка

Од банална кавга до крвав инцидент. Нервозен сосед избодел двајца браќа во селото Гајранци, Пробиштип. Се започнало кога соседот  Р.К.(59) ги обвинил двајцата браќа  Д.М.(42) и М.М.(56) дека се виновни за рушењето на неговата дворна ограда, па за да се одмазди земал секира и го скршил ветробранското стакло на автомобилот на М.М. марка „застав 125“.

Ниту браќата не останале рамнодушни, па физички се пресметале со соседот кој, за да се одбрани, извадил нож со мало сечиво и ги браќата во стомаците. Повредените со Брза помош се пренесени во Клиничката болница во Штип, каде се задржани на лекување.

Ваквото спротивставување е резултат на долгорочните соседски несогласувања во изминатиот период.


„Гаражата ни ја турна, олуците ни ги искраши, во дворот ни влезе и ни ги искрши и борчињата, но никој не презема ништо. Како може да не се плашам, ми излегува пред вратата од која што излегува и моето внуче за во градинка, јас од кај да знам дали тој е пијан или трезен“, вели еден од браќата.