Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХомосексуалните бракови ќе станат легални во Грција

Хомосексуалните бракови ќе станат легални во Грција

На 22 декември Грција ќе гласа за легализација на хомосексуалните бракови. Грција се подготвува по прв пат да даде правна рамка за хомосексуалните парови и да им пружи можност за примена на договорот за слободна заедница од 2008 година од кој експлицитно беа исклучени под притисок на црквата.

Грција на тој начин ќе ги исполни своите обврски, откако во 2013 година европскиот суд за човекови права ја осуди за дискриминација по жалбите на хомосексуалните активисти. Малата десничарска партија Анел, сојузничка на Сириза во владејачкото мнозинство, навести дека би можела да гласа против, но владата на Алексис Ципрас се надева на поддршка од опозицијата.

Освен отворањето на договорот за слободна заедница на хомосексуалците, со предлог законот им се прошируваат правата во фискални предмети, пензии и наследство, со што им се пружа еднаков статус како на венчани парови, освен што не им се дава право да посвојуваат деца.

Високото православно свештенство засега не го изнесе својот став. Претходно под притисок на црквата, десноориентираната влада во 2008 година експлицитно ги исклучи хомосексуалните парови од договорот за слободна заедница.