Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХоливудскиот грабеж на специјалци на Република Српска фатен на камера

Холивудскиот грабеж на специјалци на Република Српска фатен на камера

Група на специјалци од Република Српска извршија „спектакуларен“ грабеж на комбе кое пренесувало пари на Уни Банка, а целата нивна акција е фатена од безбедносните камери во возилото кое се движело на автопатот заедно со придружба од еден автомобил во кој биле сместени обезбедувачи од приватна агенција.

Наеднаш се гледа како црно ауди им го пресекува патот и од него излегуваат петмина разбојници со автоматско оружје движејќи се во формација. Двајца по двајца најпрво го држат комбето на нишат, а потоа ги неутрализираат и припадниците на приватното обезбедување, додека еден чува стража покрај аудиото.

Самиот начин на кој е извршен грабежот јасно укажува дека ограбувачите се добро обучени и координирани, па токму тоа и помогнало во нивно откривање. Во возилото имало 300 илјади евра кои од Бања Лука требало да бидат пренесени во Загреб.Специјалците решиле да не го запалат аудиото за да не привлече внимание со чадот, но тоа им било огромна грешка бидејќи е пронајдено подоцна во шума и откриени се траги од ДНК.