Friday, Mar 29, 2024
HomeДЕНЕШНАРепубликаХоландија донира медицинска помош од половина милион евра за поплавените во Македонија

Холандија донира медицинска помош од половина милион евра за поплавените во Македонија

Холандија донира медицинска помош во вредност од половина милион евра, која треба да пристигне оваа недела, пишува на Фејсбук страницата на Кралството Холандија и на официјалната интернет страница на амбасадата.

„Штетите во некои реони се толку големи и затоа испраќаме медицинска помош. Многу е важно овие производи да стигнат што е можно поскоро во погодените места за да се превенира состојбата, да не дојде со влошување“, стои во изјавата на министерката за развој Лилиан Плумен.

Медицинската опрема се состои од дваесет палети со опрема за спасување кои се подготвени за испраќање. Во опремата има кислородни маски, апарати за мерење крвен пристисок, ќебиња, медицински инструменти, ханзапласт, завои и треба да пристигне во Скопје во петок.

Минатата недела, холандскиот експерт за води, Петер Глерум пристигна во Македонија да го предводи тимот на Европска Унија за утврдување на штетите и проценка на состојбата во оваа балканска земја, стои во објавата на интернет страната на амбасадата.