Saturday, Apr 20, 2024
HomeАНТИСТРЕСЖуркиХола Охрид – Започнува меѓународниот кубански танцов фестивал

Хола Охрид – Започнува меѓународниот кубански танцов фестивал

Во Охрид денеска започнува меѓународниот кубански танцов фестивал „Хола Охрид“ кој е во организација на танцовиот клуб „Сонриса“, а ќе се одржува до 7 август.

hola ohrid timbao

Фестивалот ќе понуди работилници и танцови забави водени од 15 артисти – дванаесет инструктори од Куба и од регионот, Србија, Црна Гора, Грција, Унгарија и Полска, како и тројца познати латино ди-џеи, а официјално ќе го посетат преку 250 гости од Македонија и странство, од кои голем дел од европските земји.

Во рамки на дневната програма, покрај едукативните работилници од танцов карактер, ќе има и екстра активности меѓу кои и организирана тура низ Охрид. Вечерната програма ќе се состои од забави од отворен карактер, достапни и за сите оние кои нема да бидат дел од семинарот.