Tuesday, Apr 23, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХојт Ји порача: САД се против менување на границите на Балканот

Хојт Ји порача: САД се против менување на границите на Балканот

САД не поддржуваат никакво прекројување на границите на Балканот, порача заменик-помошникот државен секретар на САД, Хојт Брајан Ји.

– Границите на балканските земји се јасно дефинирани, меѓународно признаени и не станува збор за спорно прашање. Промената на границите на Балканот нема да придонесе за безбедноста и за стабилноста на регионот – рече Ји за грчкиот весник „Катимерини“.

Тој ги повика политичарите во регионот да се воздржат од реторика на поделби и да се насочат кон политички и економски реформи, неопходни за евроатлантските интеграции.