Thursday, Apr 18, 2024
HomeДЕНЕШНАПолитикаХојт Ји ќе има полни раце работа, следи ли гласање за нова влада?

Хојт Ји ќе има полни раце работа, следи ли гласање за нова влада?

Заменик помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија Хојт Брајан Ји, денеска и утре ќе престојува во посета на Република Македонија за време на која ќе се сретне со државниот врв и со лидерите на политичките партии застапени во Парламентот.

Хојт Ји во Македонија треба да и даде силна поддршка на СДСМ и нејзините коалициони партии, а да ги осуди нападите во Собранието. Исто така се очекува да даде поддршка од САД како главен сојузник на Македонија за формирање на нова реформска влада.

Ји ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, на СДСМ Зоран Заев, на ДУИ Али Ахмети, на БЕСА Билал Касами, со Весел Мемеди од Алијансата на Албанците и со Мендух Тачи лидерот на ДПА, како и со како што се наведува во соопштението од Амбасадата на САД, претседателот на Собранието Талат Џафери.

Според агендата, тој треба да оствари средба и со претставници на граѓанското општество и на дипломатската заедница.

На состаноците, како што се посочува,, ќе се разговара за статусот на формирање влада, билатералните односи, и реформите потребни за евро-атлантска интеграција.

Предвидено е по средбите заменикот државен секретар Ји утре попладне да даде изјава за медиумите.