Thursday, Apr 25, 2024
HomeДЕНЕШНАРегионХојт Брајан Ји: САД безрезервно ја поддржува Косово

Хојт Брајан Ји: САД безрезервно ја поддржува Косово

Заменикот-помошник на американскиот државен секретар за евроазиски прашања Хојт Брајан Ји синоќа во Приштина изјави дека Косово ја има безрезервната поддршка на САД.

Ји за време на официјалната посета на Косово се сретна и со претседателот на косовското Собрание, Кадри Весељи, со кого разговараше за актуелната ситуација на Косово и во регионот, но и за евроатланската интеграција на земјата.

Сепак, Ји побара економската развојна политика, зголемувањето на транспарентноста, доброто управување и борбата против корупцијата да бидат приоритет на приштинските институции.